Microsoft се извини за расистичкиот четбот, вели дека Tay бил злоупотребен

Microsoft се извини за навредливите твитови на својот четбот Tay. „Ова не е дел од она за што ние се залагаме, ниту е намената за која го креиравме Tay“, вели Питер Ли од Microsoft. Освен извинувањето, има и малку добри вести, а тоа е дека компанијата веќе знае што треба да имплементира за да ги надмине овие проблеми. Интересно, но Microsoft сподели и вест дека ова не е првиот четбот кој го направиле, а во Кина Xiaolce го користат 40 милиони луѓе.

Компанијата го креираше Tay за да го испита прашањето дали може истиот робот да се искористи во различна култура. Сепак роботот наменет за забава и за корисници од 18 до 24 заврши неславно, претварајќи се во луд нацист. Microsoft не обвини никого, но велат дека во првите 24 часа на Twitter, Tay беше цел на координирана група на злонамерни корисници. Овие корисници открија пропуст во Tay кој овозможува злоупотреба на системот. Дел од медиумите ги обвинија 4chan и 8chan, за координираниот напад. Благодарение на нивниот напад следните верзии на четботот ќе бидат надградени со филтер, надградбата ќе пристигне и на веќе постоечките верзии во Кина и тест верзијата во Јапонија.

„Ќе направиме се што е можно да ја оневозможиме техничката злоупотреба, но знаеме дека нема да можеме во целост да ја предвидиме интеракцијата и злоупотребите на луѓето, без да учиме од грешките. За да ја направиме вештачката интелигенција како што треба ќе мора да повториме многу тестови, со многу различни луѓе и на многу јавни места“, вели Microsoft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии