Најголем дел од развивачите можат да работат сé, или популарно се „full stack“ развивачи. Анкетата на Stack Overflow покажува дека дури 28 отсто од веб програмерите можат да работат на различни позиции на развојот, од front-end, back-end до на облакот или изработка на инфраструктура. Најголем број на испитаници покрај full-stack веб развивачи, се изјасниле како back-end развивачи (12%), студенти (11,4%), развивачи за мобилни уреди (8,4) и десктоп развивачи (7%). Најголем дел од развивачите се мажи (92,8 отсто), а 5,8 се жени, 1 отсто одбиле да одговорат, а 0,5 отсто се изјасниле како „останато“.

Што се однесува до омилениот програмски јазик, JavaScript останува прв на листата, со 55,4 отсто од испитаниците, пред SQL (50 отсто) и Java (36 отсто). Најголем пад на листата забележа PHP – 29% во 2015 година, на 26% во 2016-та. Што се однесува до образованието најголем дел 69 отсто се самоуки, 44 отсто се здобиле со вештините преку тренинг на работа, 35% имаат факултетска диплома, 25,5 научиле да програмираат со помош на онлајн курсеви, а 19,7 отсто имаат магистерски студии.
Конечно на најважното прашање Star Wars или Star Trek, се чини дека постои забележлива генерациска разлика. Развивачите помлади од 50 години се фанови на Star Wars, а развивачите повозрасни од 50 години се фанови на Star Trek.








