Британската Allocate Software ја зголеми инвестицијата во Македонија

Британската софтверска компанија Allocate Software, ја зголемува својата канцеларија во Скопје. Со зголемувањето на капацитетот во следните пет години Allocate ќе ја зголеми својата инвестиција на 7,5 милиони евра. Бројот на програмери во следните пет години ќе го зголемат од 25 на 55. Новите програмери кој ќе му се приклучат на тимот ќе продолжат со развојот на софтверските апликации. Причина за проширувањето на инвестицијата е задоволството од досегашното искуство, вели Јан Бишоп, директор на Allocate.

Со оглед на тоа дека овој кадар е дефицитарен во Македонија, министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска најави предлог мерки со кои ќе се обидат да ја подобрат ситуацијата. „Во таа насока презедовме многу активности, како што е програмирање уште од основното образование, односно од трето одделение, потоа се спроведува иницијативата девојки во ИКТ, правиме кампањи со кои ги привлекуваме младите да студираат на техничките факултети. Ние правиме и ќе правиме уште повеќе во следниот период”, истакна министерката.

Allocate Software е интернационална компанија со канцеларии во Лондон, Сиднеј и Стокхолм. Компанијата работи на развој на медицински софтвер, а нивните решенија ги користат над 700 компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии