Facebook ја прекина поддршката за BlackBerry

Facebook престанува со поддршка за својата апликација Blackberry. За среќа на сите корисници на овие телефони, мобилниот сајт на Facebook e одличен и доаѓа без процеси кои го оптоваруваат телефонот.

Неодамна уште еден огранок на социјалната мрежа, апликацијaта за чет, WhatsApp, престана да нуди поддршка за BlackBerry. Со оглед на тоа дека двете апликации доаѓаат од истата компанија засега не можеме да кажеме дека станува збор за тренд, но производителот долго време има проблем со минимална продажба.

„Се обидовме да соработуваме со WhatsApp и Facebook и да ги убедиме да ја променат својата одлука, но засега нивната одлука останува“, вели Лу Газола од Blackberry. Засега нема реакција од Facebook, па останува нејасно дали компанијата ја прекинува официјалната Facebook апликација поради големината на пазарот, или можеби сепак има некоја друга причина.

1 коментар на “Facebook ја прекина поддршката за BlackBerry

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии