ИТ настан: Неделна доза акцелерација со Fx3x

На новата „Неделна доза на акцелерација“, закажана на 23-ти март, посетителите ќе имаат можност да ја чујат приказната на Кристијан Даниловски, ко-основач на 3Д студиото Fx3x. Реномирано студио во своите 19 години работеше на куп холивудски филмови од The Avengers до оскаровецот The Life of Pi. Weekly dose of acceleration е неделен настан за инспирација организиран од NewMan’s Business Accelerator.

Во своето предавање г. Даниловски ќе зборува на тема „Како да креирате и водите глобална компанија“. Ќе говори како успеаја во 2004-та година да донесат холивудски проекти во Fx3x, како е да се работи на нив, и како успеваат во една година да бидат вклучени во изработка на 11 филмови кои се натпреваруваа за Оскар. Еден од последните фолмови на кој работеа Batman vs. Superman е филм што дефинитивно ќе предизвика внимание и во Македонија наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии