ИТ настан: Стартува Wikipedia натпревар во креирање на квалитетни статии

Започнува уредувачки натпревар на Wikipedia наречен Викимедија СИЕ Пролет 2016. На настанот ќе учествуваат уредувачи од 22 држави, помеѓу кои и македонските википедијанци.

Натпреварот е со цел да се креираат квалитетни статии за онлајн енциклопедијата, за државите од регионот. Треба да се соберат податоци за историја, култура, традиција и луѓето, а специфично е што податоците кои се внесуваат се однесуваат на регионот. Традиционално СИЕ Пролет се одржува десет недели од 21 март до 31 мај. „Организатори на натпреварот се сите ограноци на Википедија во земјите од Средна и Источна Европа, додека во Македонија е организиран од македонската вики-заедница и огранокот „Споделено знаење“. За натпреварот се обезбедени соодветни награди, кои ќе бидат доделени по неговото завршување за највредните тројца уредувачи“, вели Тони Ристовски еден од организаторите на настанот.

Покрај државите од регионот, на настанот учествуваат и Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Чешка, Естонија, Грузија, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Словачка и Украина. Темите за кои може да пишувате од Македонија, може да ги видите тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии