Funky Bookmix #1: Неколку книги за инспирација

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Книгите влијаеле на успехот на најголемите иноватори како Илон Маск, Стив Џобс, Марк Закерберг и други. На Funky Coworking Friday се собира заедница на луѓе кои ја обожаваат својата работа. Не интересираше кои се книгите кои ги имаат инспирирано луѓето кои доаѓаат на Funky Coworking.

Оттука заедно ја креиравме Funky Bookmix листата. Се надеваме, дел од книгиве ќе ве поттикнат да прочитате нешто ново во претстојниот период.

Zero to One by Peter Thiel

„Ја препорачувам Zero to One затоа што во книгата се збори за тоа како светот да се движи напред со иновација наместо копирање на веќе постоечкото. Во книгата се зборува колку е важна иновацијата и кај да се гледа за да се постигне истата” – Волхан, стартап ентузијаст.

Living to Tell the Tale by Gabriel García Márquez

„Living to Tell the Tale ме натера да бидам новинар. Маркез пишува за неговите новинарски авантури низ Латинска Америка, за дружење со Фидел Кастро, за револуцијата во Куба. Како новинар бил во центарот на сите важни случувања. Сакав и јас да знам за светот, и се решив да се запишам во Македонски институт за медиуми. Не мора да сакате новинарство за да прочитате автобиографија на еден од највлијателните писатели ever!” – Виктор oд It.mk

The Psychology of Selling by Brian Tracy

„The psychology of Selling не е толку инспиративна колку што е практична. Продажбата е една од главните работи во скоро секој бизнис и за таа цел ја препорачувам оваа книга. Многу практични примери кои ќе помогнат да ја разберете психологијата на продажбата” – Maja од Domino the effect.

photo-1457276587196-a9d53d84c58b

Whatever You Think, Think the Opposite by Paul Arden

„Whatever you Think, Think the Opposite ја препорачувам бидејќи има многу несекојдневен формат на кој е напишана и те предизвикува да размислуваш out of the box. Сите книги на авторот се кратки ремек дела кои сметам дека секој поединец со претприемачки афинитети треба да ги чита барем еднаш годишно” – Јане oд Frame This.

You are not so Smart by David McRaney

„Ја препорачувам You are not so Smart на секој што сака да научи и да стане свесен за когнитивните предрасуди и логички грешки што се јавуваат кај секој од нас” – Kitze, веб девелопер

Getting Real by 37signals

„Ja издвоjувам Getting Real од 37signals. Таму се запознав со концептот на Minimum Viable Product, кој ми даде знаење да ги гледам дигиталните производи со тенденција што може да се одземе, а не додаде, тоест, не секоја надградба како по инерција значи и дополнителна функционалност. Понекогаш, одземањето на непотребни функционалнисти го подобруваат производот” – Златко, фриленс дизајнер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии