FBI предупреди дека автомобилите можат да се хакнат

Image courtesy of Wired

Американското Федерално истражно биро (FBI) предуреди дека хакирањето на автономните автомобили е сериозна опасност, а не само приказна за заплашување. Агенцијата објави соопштение со повеќе детали за начинот на управување на автомобилите со компјутери и можни напади.

„Безбедносни пропусти можеби постојат во безжичните функции за комуникација, во преносен уред како паметен телефон или таблет компјутер кој е приклучен на возилото преку USB, Bluetooth или Wi-Fi или уреди од трети производители кои се приклучени на дијагностичкиот порт. Во сите овие случаи постои можност за напаѓачот да дојде до контрола до возилото или до податоците кои се чуваат на возилото. Иако ова не значи дека напаѓачите цело време ќе имаат потполна контрола врз возилото, тој ќе има контрола врз критични системи“.

Можеби најдобар пример е застрашувачкиот експеримент на Wired со безбедносни експерти кои успеаја далечински да хакнат Jeep Cherokee. Тие покажаа дека може да преземат целосно контрола врз џипот и да му ги исклучат кочниците и моторот додека се движи на автопат. По ова Chrysler повлече повеќе модели на возила за кои се смета дека се подложни на напади.

FBI објави дека безбедносни истражувачи веќе цела година ги испитуваат безбедносните пропусти на автономните возила, и откриле пропуст во радио модулот на возилата кои се произведени во 2014-та година. Во возило излезено од фабрика тие успеаја при брзини помали од 16 km/h да го исклучат моторот, да ги исклучат кочниците и управувањето. При било која брзина можат да ги заклучат вратите, да ги вклучат трепкачите, да манипулираат со тахометарот, како и да се здобијат со контрола врз радиото, клима уредот и GPS.

Најголем дел од предупредувањата се познати и од претходно, но ова не значи дела нивната важност е помала. Најголем дел од препораките се подеднакви како за компјутерите – најважно е да го надградите софтверот на последната верзија, да внимавате кој има пристап до софтверот на возилото, но и кој има физички пристап до возилото.

Oд 2020 ќе има автоматски кочници

Друга агенција која се грижи за безбедноста на патиштата, Националната агенција за безбедност на сообраќајот на автопатите (NHTSA) објави дека до 20 производители на автомобили се сложиле од 1 септември 2022 година возилата да доаѓат со автоматски сопирачки за итни случаи. Безбедносните сопирачки треба да ја зголемат безбедност во сообраќајот, така што сензорите кои се инсталираат во возилата ќе ги отчитуваат растојанието и брзината на останатите возила. Доколку регистрираат судир кој може да биде избегна, веднаш ќе ги вклучат сопирачките.

Интересно е што додека една агенција предупредува на опасности од сајбер напади, другата ја поздравува новата електроника која ќе ги направи патиштата побезбедни. Сепак и за оваа технологија важат правилата за безбедност кој ги објавија Федералното истражно биро.

1 коментар на “FBI предупреди дека автомобилите можат да се хакнат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии