ИТ настан: Ќе се презентира нова македонска игра на табла, Cavern Tavern

Уште трае Кickstarter кампањата за Small Stars Empires, а Гоблин друштвени игри веќе нѐ повикуваат на нова презентација на игра на табла. Овој пат гости на вечерта се Final Frontier Games и нивната игра Cavern Tavern. Настанот и презентацијата се закажани за недела, 20 март од 13 часот.

Cavern Tavern е work/dice placement игра на табла. Играчите се во улога на келнери во најпознатата таверна во Northern Realms, а таму е речиси невозможно да ги задоволите сите гости. Доколку дизајнот и цртежте ви изгледаат познато, причина за тоа е што играта ја црта македонскиот илустратор Тхе Мичо, кој е познат и како автор на Еднооки. Специјално за оваа пригода Final Frontier Games издадоа видео со правила, кое ќе им овозможи на заинтересираните посетители да дојдат подготвени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии