Кои игри може да ги купите за вашиот Oculus Rift, HTC Vive или PlayStation VR?

Доколку нема некое изненадување, тогаш веќе ги видовме најинтересните уреди за виртуелна реалност. Oculus RIft, HTC Vive и PlayStation VR се уредите кои ќе се натпреваруваат за освојување на гејминг просторот следните неколку години. Прв од уредите излегува Oculus Rift, но за корисниците најверојатно е подобро да проверат кои се и со колку игри доаѓа уредот. Доколку го купувате уредот за виртуелна реалност за работа, тогаш уште подобро ќе биде да проверите дали ќе има поддршка и од софтверот.

Steam веќе подолго време има Steam VR категорија, а сега додаде две подкатегории: Oculus Rift и HTC Vive. Oculus кој започнува со продажба на 28 март има веќе 29 игри, а наскоро пристигаат и други 11 кои сепак нема да бидат достапни на денот на излегување. Најверојатно најголемите наслови кои ќе бидат достапни за играње во виртуелната реалност се EVE Valkyrie која доаѓа бесплатно доколку корисникот го купил уредот во предпродажба и Elite Dangerous која подолго време е достапна на Steam. Двете игри чинат околу 60 долари.

Освен овие две игри интересни се и: Project Cars, Chronos, AirMech: Command, The Climb и Keep Talking and Nobody Explodes.




1 коментар на “Кои игри може да ги купите за вашиот Oculus Rift, HTC Vive или PlayStation VR?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии