Пристигнаа новите геофилтри за Македонија на Snapchat, креирани на дизајнерскиот хакатон #DesignTon. Геофилтрите се наменети за Ресен, Матка и Кокино, и се првите потврдени филтри од Snapchat од овој настан. Креатори на геофилтрите се Ивана Крстева (Кокино), Јована Шишковска (Матка) и Маја Митровиќ (Ресен).

Геофилтерот е замена за некогаш суперпопуларните „чек-ин“, но се значително позабавни, а во некои случаи можат да бидат и информативни. Креирањето и користење на промотивни геофилтри е еден од начините за монетаризација на Snapchat. „Идејата за промоција на Македонија на Snapchat и изненадување на луѓето со фантастични геофилтри кога ја посетувате Македонија и го користите Snapchat, е реалност благодарение на сите креативци кои се приклучија на Snapchat #DesignTon“, вели Митко Цабевски во блог на Medium.

1-HvHuCD_GPupSC6yI_j4RgA