Мicrosoft ќе објави софтвер кој прави од Minecraft симулатор за вештачка интелигенција

Image courtesy of Microsoft

Microsoft ќе дозволи пристап до вештачката интелигенција AIX, која е базирана на Minecraft. Платформата е во развој подолг период, но досега беше достапна единствено за тестирање во компанијата. Отворената верзија ќе биде достапна од јули, кога сите развивачи ќе можат да го користат за евалуација и развој на вештачка интелигенција, јави PC World.

Една од придобивките на оваа платформа е што истражувачите можат да ја користат за правење поевтини експерименти со роботи. Наместо да направат вистински робот кој ќе го учат да извршува одредени задачи, тие ќе можат да го симулираат тој робот во Minecraft. AIX платформата е додаток за Minecraft кој овозможува вештачката интелегенција да има контрола врз карактер, но и да испраќа повратни информаци до креаторот. Платформата ќе биде со отворен код, и на секој истражувач ќе му биде потребна копија од играта.

„Ова ќе овозможува да имате отелотворена вештачка интелигенција. Наместо да имате ситуација каде вештачката интелигенција е сопствен аватар, ќе може да бидете внатре и да гледате низ нејзините очи како живее. Сметаме дека ова е клучно при изградбата на вештачката интелигенција“, вели Метју Џонсон за BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии