Google има добри вести за развивачите на Android игри

Google има добри вести за развивачите на видеоигри за Android. Компанијата на Game Developers Conference објави дека наскоро ќе додадe алатки за менаџмент зa виртуелни добра и валути, како и API со кое развивачите ќе можат да им овозможат на играчите стримање директно од играта.

Новитет ќе бидат и новите реклами со кои корисниците ќе можат да поиграат 10 минути од некоја игра пред да ја купат. Овие реклами ќе бидат презентирани во пребарувањето. Search Trial Run Ads ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањето, а до Install/Buy копчето ќе има ново Try Now копче.

Со притискањето на Try Now не се инсталира trial верзија на играта, туку ќе започне стрим од сервирите на Google. Корисникот може да поигра 10 минути, но потоа мора да се одлучи дали ќе ја купи или инсталира играта. Со оглед на тоа дека ќе станува збор за значителен интернет сообраќај, оваа функционалност ќе се појавува единствено кога корисникот ќе биде приклучен на Wi-Fi мрежа, вели претставник на Google за TechCrunch.

Додавањето на API-то за снимање на видео ќе овозможи и директен стрим од уредот на YouTube. Дополнително играчите можат да ги знимаат овие сесии и да ги споделат своите сесии подоцна. Промените коио ги најави Google ќе бидат достапни за неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии