GoodYear претстави гуми за автономни автомобили

GoodYear работи на нов вид на автомобилски гуми, Eagle – 360, кои ќе можат да се движат во било која насока без потреба од волан. Новите тркала ќе бидат наменети за автономните автомобили на иднината.

Eagle 360 се со топчеста форма и нема директна врска за автомобилот, туку по принцип на магнетна левитација автомобилот лебди над тркалата. Оваа технологија ќе ја исклучи потребата од суспензија. Бидејќи автомобилот ќе лебди над тркалата, возењето ќе биде мирно и тивко, пренесува CNN.

Како и останатите нови делови на автомобилите и гумите ќе бидат паметни, па GoodYear најавува куп сензори кои ќе овозможат комуникација помеѓу гумите и системот за контрола „Со постојаното намалување на интеракцијата на возачите и намалување на потребата за нивна интервенција во автономните возила, гумите ќе имаат уште поважна улога како главно поврзување со патот“, вели американскиот производител. Сепак за реализација на оваа идеја ќе биде потребно многу време. Ниту еден од автомобилите кои се сега на пазарот не доаѓа со мотор со барем слична изведба кои би можел да биде впогонуван на овој начин.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии