Оpera вгради блокатор на реклами во својата десктоп верзија

Opera е првиот десктоп прелистувач кој доаѓа со вградено блокирање на реклами. Прелистувачот се одлучи на ваков потег бидејќи бројот на корисници кои користат AdBlocker е навистина голем. Google Chrome, Firefox и останатите прелистувачи подолго време дозволуваат инсталација на екстензии за блокирање на реклами, но Opera прави драматичен потег со тоа што ја интегрира функционалноста во својот прелистувач.

Сепак можеби предноста на Opera ќе биде брзината. Поради блокерот, вчитувањето на вебсајтови ќе биде побрзо за 90 отсто. Со вградениот блокер Opera ќе биде најбрзиот прелистувач, велат креаторите на Opera. Доколку корисникот смета дека треба да поддржи некој од сајтовите, тој ќе може да го исклучи блокирањето на тој сајт. Прелистувачот ќе прикажува и колку реклами се блокирани, како и споредба за брзината на отворањето на вебсајтовите со блокирани реклами, и доколки рекламите не се блокирани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии