Слушалките на NEC ќе се користат за утврдување на идентитет

Еден најпопуларните производители на слушалки NEC работи на технологија за утврдување на идентитетот преку слушалките. Начинот на кој технологијата ќе функционира е пуштање на звук и ослушување како резонира звукот во увото. Ова е биометриски податок кој може да се користи како алтернатива на отпечаток на прст или скенер на очи, вели BBC.

За потребите на оваа технологија во слушалките ќе мора да се инсталира микрофон. Начинот на кој ќе функционира технологијата е првин да се пушти звучен сигнал, со помош на микрофонот ќе биде снимено резонирањето на звукот и промените на сигналот. Бидејќи формата и големината на ушите на луѓето се единствени, со споредба на сигналите ќе може да се утврди идентитетот на корисникот. „Ова на едноставен начин преку носење на слушалките, креира природен начин за постојано авторизирање, дури и додека се движите или работите“, вели Шингеки Јамагата од NEC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии