Хакер откри детали за нов Tesla, но потоа доби чудно изненадување

Ако има компјутер може да се хакне. Ова сега го дознава и Tesla која е последниот производител чиј автомобил беше цел на хакерски напади. Нападот го направи Џејсон Хјуз, безбедносен експерт и сопственик на Tesla P85D кој најде нешто интересно во својот автомобил. Во фирмверот на својот автомобил забележа ознака P100D што го натера да поверува дека наскоро може да очекуваме нов автомобил од Tesla.

Откако го сподели ова на Тwitter, фирмверот на неговиот автомобил беше вратен неколку верзии наназад. Засега е непознато дали ова е направено од Tesla или можеби е начин на кој автомобилот се штити од сајбер напади. Според г. Круз, downgrade-от е направен од Tesla бидејќи открил новина која тие не сакале да биде откриена. Но, директорот на Тесла, Илон Маск имаше куса преписка со г. Круз во којa вели дека враќањето на претходна верзија не е на негово барање. Сопственикот на Tesla неодамна повлече една продажба на Model X откако не му се допадна критиката на купувачот. Сепак, овој пат не станува збор за одмазда. Г. Маск едноставно посочи дека г. Круз „има дарба за хакирање“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии