Србија воведе нов данок за онлајн огласувачите

Законот кој го донесоа српските власти сериозно ќе го промени начинот на кој корисниците се огласуваат на Интернет. Имено, 20 отсто од заработката која нерезидентните правни лица ќе ја направат од компаниите или граѓаните на Србија, ќе треба да ги платат како дополнителен данок. Данокот ќе биде платен од резидентните компании или здруженија, објаснува Rnids – српска верзија на МАРНет.

Она што е за поздравување е дека Rnids објави два документи за резидентност на Google и Facebook кои овозможуваат сите да ги преземат и да ги користат како доказ пред даночната управа. Со оглед на тоа дека Facebook и Google се лоцирани во Ирска со која Србија има договор за избегнување на двојно оданочување, со самото приложување на овој документ, резидентните компании и граѓаните го приложуваат единствениот доказ потребен за надминување на овој проблем, пренесува Startit.rs.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии