Блогерите на Medium наскоро ќе можат да заработуваат од своите постови

Image courtesy of Medium

Medium најавува дека наскоро ќе ги објави своите планови за монетизација на сервисот, а не е исклучена опција за платежни ѕидови и премиум содржини, вели основачот Еван Вилијамс за BBC. Г. Вилијам, кој исто така ги има ко-основано Blogger и Twitter, додаде дека не размислуваат сајтот да го преплават со рекламни банери, туку место со избор на спонзорирана содржина.

Платформата веќе пронајде начин за монетизација преку спонзорства, но продолжува да бара одржлив модел кој ќе овозможи да заработат и од содржината. Дополнително г. Вилијамс најавува дека Medium е заинтересиран и за додавање на нови содржини видео и подкаст кои ќе овозможат новитети на платформата. „Доколку сте квалитетен новинар или креирате квалитетна содржина, мислам дека ќе успеете да пронајдете публика, ангажман и ќе успеете да заработите…“, вели тој.

Medium има над 450.000 блогери, но тоа што ја прави популарна е што преку неа се обраќаат и луѓе како Бил Гејтс, Боно или претседателот на САД, Барак Обама. На неа беа објавени детали за дел од приказните како аквизицијата на RunKeeper од Asics или приказната за корупцијата во врвот на малезиската влада, кои најпрво се појавија на Medium.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии