Мubi е сервис за независни филмови кој може да го претрка Netflix во Кина

Image courtesyof Mubi

Netflix има неочекуван конкурент – лондонскиот Mubi ќе се обиде да ги претрка големите студија и прв да го освои кинескиот пазар. Но, она што го прави Mubi сериозен играч на пазарот е одличната селекција на филмови кои се бираат од едитори, и евтината претплата од 5 долари, што е значително пониска од сите конкуренти.

Станува збор за значително помал сервис кој има 100.000 корисници, додека Netflix пред да биде достапен глобално имаше 75 милиони корисници. Но, она што го разликува Mubi од сите други е начинот на кој се одбира содржината. Библиотеката на филмови вклучува култни филмови, класици и независни филмови, но тоа што е интересно е што тимовите од куратори за секоја држава одбираат 30 филмови месечно. Корисниците во овие држави можат да гледаат еден филм секој ден, објаснува основачот на Mubi, Ефе Чакрел за Business Insider.

Компанијата за влез во Кина е во партнерство со кинескиот партнер Huanxi Media Group. Кинескиот партнер инвестира 10 милиони долари во Mobi, што се однесува за кинескиот пазар 70 отсто од филмовите ќе бидат од локално производство, а само 30 отсто, ќе бидат „увозни“.

1 коментар на “Мubi е сервис за независни филмови кој може да го претрка Netflix во Кина

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии