ИТ настан: Закажан е четвртиот NASA Space Apps Challenge во Скопје, Тетово, Охрид и Битола

Подгответе се за уште еден NASA Space Apps Challenge. Глобалниот хакатон за вселенски предизвици е закажан од 22 до 24 април на четири локации во Македонија – Скопје, Тетово, Охрид и Битола. Локална поддршка за настанот повторно е NewMan’s Busienss Accelerator, а освен споменатите градови од Македонија, дел од мрежата која ќе биде координирана од Скопје се и Белград, Загреб, Љубљана, Копер, Виена. Новитет е креирањето на виртуелни тимови чии учесници можат да бидат на различни локации.

На настанот може да се пријави секој кој што е мотивиран и има пасија да работи на овие проекти, користејќи отворени податоци, а со оглед на природата на настанот предност имаат студентите кои имаат познавања во развој на веб и мобилни апликации, вселенски технологии, аеронаутика, дизајн, хардвер, софтвер, 3Д моделирање, астрономија, географија, анатомија, маркетинг, медицина, бизнис. Сепак организаторот ги повикува и сите фриленсери, стартап тимови, иноватори и компании на учество.

„Настанот опфаќа колаборативно решавање на проблеми со една цел, да се создадат релевантни open-source решенија адресирајќи ги глобалните потреби и проблеми поврзани со животот на Земјата и во Вселената. Предизвиците ќе бидат објавени на 23 Март, на 6 теми и тоа: Аеронаутика, планетата Земја, Вселенски станици, пат до Марс, Соларен систем и вселенска технологија“, велат организаторите.

Најдобрите тимови ќе бидат наградени со 3 месечна инкубација во просториите на NewMan’s и 6 месечна акцелерација во локација во Европа или во Калифорнија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии