Amazon додаде два нови уреди, Tap и Dot, на Echo серијата на производи. Двата уреди се со речиси со идентична функционалност како Echo, звучникот кој се контролира со глас, но се разликуваат во намената. Тap е преносна верзија на Echo, a Dot е помала верзија која доаѓа со можност за приклучување на звучник по избор, пренесува Techcrunch. Echo, Tap и Dot можат да се користат како „hub“ за контрола на сите паметни уреди од едно место: од сијалици до паметен термостат. Дополнително, повеќе вакви уреди можат да бидат поставени во различни соби и со тоа да бидат „hub“-единствено за овие соби.
Како и Echo, и Tap во целост ги користи можностите на Alexa оперативниот систем за примање на гласовните команди. Дел од работите кои ги овозможува Tap се: порачување на Uber возило, нарачка на пица или пуштање музика на Prime или iTunes преку гласовни команди. Уредот се поврзува преку Wi-Fi мрежа или хотспот, па можеби ова делумно ја ограничува мобилноста. За разлика од Echo и Tap, Dot доаѓа на барање на корисниците кои сакаа да имаат уред на кој ќе може самите да приклучок звуник по избор. Надвор од ова можностите се исти со останатите уреди.
1 коментар на “Amazon ги претстави Tap и Dot, нови алтернативи на Echo звучникот”