САД започнаа со сајбер напади на цели на Исламската држава (ISIS) во Мосул, најави Ештон Картер, кој е министер за одбрана. Ова е прв сајбер напад кој САД го најави, додека претходните се означени како тајни.

Според воената команда, акцијата која ќе вклучува и активности на терен, ќе биде најголемата воена акција во Ирак од крајот на минатата војна, со конечна цел да се отстранат ISIS од Мосул, град кој заедно со сирискиот град Рака важат за најголеми упоришта на терористичката организација. Целта на нападите е да ја попречи Исламската држава во организацијата, да го намали влијанието кое го имаат врз своите членови, и со тоа и да станат помалку ефективни на терен. По нивното совладување на теренот, г. Картер најавува дека на местото на терористите, градовите ќе ги водат локални водачи.

Ова не е прв сајбер напад кој го организира САД, но претходните, како Stuxnet не беа јавно „рекламирани“, а секако не од волку виско државничко ниво. Засега нема податоци за зоните на напади и методите на напад, пред сѐ бидејќи треба да бидат тајни, вели Ars Technica.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии