Фигура сака со 3Д принтер да го направи совршениот накит

Фигура е нов македонски производител на накит кој се разликува од конкуренцијата по тоа што накитот го прават со 3Д принтер. Брендот е основан од Дона Антовска Трајановска пред шест месеци, и во моментот работат на нивната прва линија на накит, во соработка со студиото за 3Д принт SEE3D. Според Дона, идејата е да се користат новите технологии за да понудат нешто оригинално на пазарот.

„Интересот [за 3Д принт] полека почнува да расте во Македонија за ваквиот вид на модерна технологија. Најверојатно интерес постои уште од самиот старт кога почна оваа технологија да се пробива во светот, но луѓето кај нас немаа голем допир со неа, па сѐ уште не се во целост запознаени со сите нејзини можности. Затоа, ние и другите студија кои работат со 3D принт треба да работиме на тоа пред сѐ да се едуцираат купувачите, да се информираат подобро, а потоа да им се презентираат и различни производи кои можат да се направат со 3D принтер“.

12747255_1063769120348731_3296217864059001503_o

Иако 3Д принтерите се навистина популарни, тоа кај нас за жал не се пренесува и на нивната присутност на пазарот. Најчесто се увезуваат 3Д принтери од надвор, но Фигура си направи персонализирани модели, и тоа со делови испринтани на првиот 3Д принтер што го купија, Folger Tech Kossel.

За искуството со работа со 3Д принтер велат дека изгледа поедноставно отколку што навистина е, иако признаваат дека се перфекционисти, па сакаат сѐ да биде совршено. Велат дека секој трети модел е успешен, но најважно е да не се откажувате и да продолжите да верувате дека во целиот процес на крај сепак ќе го креирате она што го имате замислено. Најчестиот проблем е што 3Д принтањето овозможува креирање на уникатни модели кои не сeкој пат излегуваат коко што корисникот ги замислува. Во Фигура секој корисник може самиот да си изработи накит кој ќе му биде испечатен, се разбира доколку може да се прилагоди на 3Д принт.

„Мора да кажеме дека воопшто не е едноставно да се направи еден модел на 3D принтер, но е навистина интересно. Самото принтање вклучува неколку фази за да се дојде до 3D принтот. Процесот почнува од идеја, софтверско моделирање, подготовка на моделот за принт, подготовка на самиот принтер за принт, па сѐ до изработка на совршен принт“, вели Дона.

12821607_1067537716638538_2297281872179168110_n

Во моментов е актуелна соработката со популарниот моден блог Skopje Casual и подароци кои ги подаруваат за нивниот роденден. Сите кои нема да имаа доволно среќа да ги освојат наградите, можат да ги контактираат на Facebook страницата која засега е единствено место каде може да се порача накитот. Освен работат со принтер, најголем предизвик на Фигура е да стане вистинска е-продавница за накит каде може да ги покаже своите дела. „Сега за сега, немаме наш простор каде што го изложуваме накитот на Фигура, но сѐ може да се случи во иднина, оставаме интересот од публиката да покаже во кој правец ќе се движиме. Веќе сме поканети да учествуваме на неколку базари, па до тогаш ќе можете да нѐ сретнете таму, како и низ улиците на градот преку оние кои веќе си набавија дел од накитот“, велат од стартапот.

12671642_1063983283660648_6524057713441273254_o

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии