Со Kiddle и вашите деца можат безбедно да го пребаруваат интернетот

Kiddle е безбеден пребарувач наменет за децата. Резултатите доаѓаат од Google, а дел од нив се одобруваат и од едиторите на визуелниот пребарувач. Идејата зад прелистувачот е да бидат безбедна околина за најмладите корисници, тие што раснат со интернет да ги избегнат сите оние глупости, навреди и несоодветни содржини.

Но, иако е корисен, сепак Kiddle е и контроверзен поради цензурата. Дел од корисниците на сервисот забележуваат дека некои од термините кој се „цензурирани“ би требало да бидат присутни на листата, а дел од нецензурираните би требало да бидат цензурирани. Најголем дел од проблематичните содржини се однесуваат на ЛГБТ заедницата, па ниту еден термин не може да биде пронајден. Така зборови како хомосексуалец, лезбејка и геј се цензурирани. Цензурирано е дури и името на актерката Памела Андерсон, иако ова можеби од разбирливи причини. „Обидите да се запрат младите да пронајдат безбедна содржина која е прилагодена на нивните години ќе принуди многу млади лезбејки, геј, бисексуалци и трансексуалци да ги побараат на друго место. Ова може да ги однесе на неприкладни локации и да го загрози“, велат од групацијата Stonewall.

_88513347_88513346

Kiddle имаат одговор на оваа замерка. „Најголем дел од ЛГБТ страниците и форумите имаат содржини креирани од корисници. Дури и слика од полугол маж на аватар може да одврати голем дел од родителите. Она што можеби е прикладно за деца од 12 години, не е прикладно за деца од 5“, велат од Kiddle за BBC.

Засега е непозната кој е основач на Kiddle, но неофицијални податоци велат дека на чело на пребарувачот е Владислав Голунов. Најверојатно најголемиoт проблем го детектира Next Web, доколку некој пребарува по Kiddle за самоубиство, добива цензура. За разлика од ова Google на оваа претрага нуди совети и линкови до советувалишта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии