Бразил уапси директор на Facebook бидејќи не сакал да достави податоци од WhatsApp

Бразил го притвори заменик директорот на Facebook за Латинска Америка, Диего Џордан, откако компанијата покажа непослушност спрема властите. Facebook одби судски налог да помогне во истрага за трговија со наркотици која е поврзана со корисник на WhatsApp, апликација за чет која е во сопственост на Facebook, јави Fortune.

Одговорот од WhatsApp пристигна речиси веднаш: „Соработуваме во целост и во рамките на нашите можности, и иако ја почитуваме работата на законодавците, не се согласуваме со оваа одлука“. WhatsApp и Facebook уживаат огромна популарност во Бразил, а апликацијата има над 100 милиони корисници.

Со оглед на тоа дека WhatsApp е во сопственост на Facebook, а седиштето на социјалната мрежа е во САД, исполнувањe на барањата на бразилските законодавци може да предизвика проблеми дома. Американскиот конгрес им забранува на компаниите да доставуваат било какви податоци на други владини агенции, појаснува Washington Post.

Интересно е што приведувањето доаѓа речиси истовремено со барањата на Федералното истражно биро во САД до Apple за пристап до неколку телефони на осомничени корисници.

1 коментар на “Бразил уапси директор на Facebook бидејќи не сакал да достави податоци од WhatsApp

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии