WhatsApp веќе нема да поддржува BlackBerry, Nokia и стари Android телефони

WhatsApp нема повеќе да нуди поддршка за постарите мобилни телефони. Ова се однесува на Nokia и BlackBerry, но и на Android 2.1 и 2.2 и Windows Phone 7.1. Оваа промена нема да засегне најголем дел од корисниците во Македонија, бидејќи најголем број на телефоните се понови од Android 2.2, но во државите во развој ова може да биде проблем. Сепак, од компанијата, која сега е дел од Facebook, велат дека ова го прават за да можат да се посветат кон идните оперативните системи, кои според WhatsApp се почести на пазарот. Eдинствен совет за корисниците на постари телефони е да ги заменат со понови Android, iOS или WindowsPhone уреди.

„Околу 70 отсто од паметните телефони кои се продаваа во овој период доаѓаа од BlackBerry и Nokia. Мобилните оперативни системи на кои отпаѓаат 99,5 отсто од пазарот денес – беа на помалку од 25 отсто од уредите тогаш… Но доколку погледнеме седум години во иднина, сакаме да ја фокусираме нашата работа на оперативните системи кои најголем дел од луѓето ги користат. До крајот на 2016 година ќе прекинемe поддршка на WhatsApp за споменатите платформи“, велат од WhatsApp.

Најавата за прекинување на поддршката за повеќе оперативни системи доаѓа речиси истовремено со седум годишнината на WhatsApp. Од компанијата се надеваат дека ќе останат избор на корисниците и во годините кои доаѓаат. Сепак за разлика од првите седум, се чини дека WhatsApp во следните нема да мора да има проблем барем со финансиите, откако пред две години стана дел од најголемата социјална мрежа, Facebook.

1 коментар на “WhatsApp веќе нема да поддржува BlackBerry, Nokia и стари Android телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии