Оphone е новосадски прототип кој би сакале да го имаме

Image courtesy of Startit.rs

Новосадските архитекти Alter Ego Architects сакаат да ја стават Србија на мапата на иновативен хардвер. Компанијата неодамна го претстави својот „глупав“ телефон, Ophone кој изгледа навистина одлично. За разлика од останатите телефони, Ophone доаѓа со e-ink дисплеј кој не само што не ги заморува очите, туку е далеку поштедлив, па ова овозможува долготрајност на батеријата. Целта на телефонот е да биде единствен уред за сите пазари, па затоа има команди кои ќе бидат лесни за распознавање.

26-1024x1024

Телефонот е со големина на кредитна картичка и според најавата треба да биде евтин. Засега oPhone е во фаза на прототип, а стартапот бара партнер кој ќе им помогне со производството и надминување на прототип фазата, вели Startit.rs. Иако поради изгледот и цената звучи како телефон кој е наменет за пазарите во државите во развој, но Ophone е всушност наменет за развиените држави, кои можеби се подготвени на чекор назад и поголема независност од технолошките промени.

„Можеби на прв поглед делува дека главен пазар се државите во развој, но во овие држави паметните телефони често се единствен компјутер преку кој имаат пристап до интернет. Така ни останува модерниот свет кој е поврзан постојано и секаде“, вели Марко Лазиќ, основач на Ophone.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии