Mорган Фримен ќе го позајми гласот за GPS навигација

Иако беше прилично корисна GPS навигација бидејќи информациите доаѓаат од краудсорсинг заедница, сепак Waze со еден потег стана убедливо најкул апликација за GPS навигација. Новиот глас кој ќе ги води корисниците ќе биде фантастичниот глас на Морган Фриман. Актерот е најновата ѕвезда која го позајмува гласот за Waze, а промените во Waze се дел од одличната маркетинг кампања за новиот филм „London has Fallen“. За жал гласот ќе може да се користи само кусо време додека трае кампањата.

Според филмот кој е продолжение на Olympus has Fallen, корисникот на Waze апликацијата е во улога на претседателот, а г. Фриман е потпретседателот. Со ова актерот им се придружува на дел од своите колеги помеѓу кои Арнолд Шварценегер, Кевин Харт, а корисниците на сервисот можат да го користат и гласот на Елвис во својата навигација. Waze е достапeн на iOS и на Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии