Facebook ќе изработува хардвер за супербрз мобилен интернет

Новиот проект на Facebook е да го забрза мобилниот интернет. Мрежата започна соработка со Deutsche Telekom, SK Telecom и Nokia Networks во изработка на хардверот – од Wi-Fi радио, па се до оптички хардвер – кој ќе понуди побрз мобилен интернет. Новата технологија ќе биде целосно отверена за другите девелопери. Целта на социјалната мрежа е да понуди брз интернет пристап до што е можно повеќе корисници.

Компанијата веќе има неколку хардверски решенија, а работи и на куп иновации. Една од иницијативите на Facebook е креирањето на отворени планови за податочни центри кои компанијата ги споделува со сите. На оваа иницијативе се приклучија најголем дел од компаниите, со исклучок на Google. Дополнително Facebook работи и на некои помалку луди технологии, како пренос на интернет со беспилотни летала.

Подобар и пораспространет интернет е од интерес и на социјалната мрежа која сега прераснува во платформа за сé. Годинешниот извештај „State of connectivity“ вели дека последната година бројот на корисници е зголемен за 200 милиони, односно пораснал од 4,1 на 4,3 милијарди. Иако статистиката покажува раст, бројот на корисници кои треба да се поврзат е поголем од половина од вкупниот број луѓе. Во 2015 година е зголемена покриеноста со мобилни мрежи и 78% од популацијата е покриена со широкопојасен мобилен интерне, пораст од 5 отсто во однос на 2014 година. За жал, голем дел од луѓето не се финансиски во можност да си дозволат 500МВ податоци месечно.

image-4

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии