Huawei претстави Windows 10 таблет компјутер со тастатура и е-пенкало

Kинескиот Huawei на новиот Mobile World Congress го претстави својот прв Windows 10 таблет кој треба да биде алтернатива за поскапите уреди наменети за професионалци. Се чини дека времето на таблет компјутери без тастатури е минато, а тоа е случај и со MateBook.

Станува збор за таблет со 12 инчен екран кој е нешто помал и полесен од Surface, таблет компјутерите на Microsoft, и поефтин од iPad Pro. За жал, хардверот е полош, па MateBook доаѓа со Intel Core M процесор. Има електронско пенкало кое може да се користи како замена за глувче, и тастатура која е изработена од скај. Цената на MateBook e 700 долари, а тастатурата, MatePen и MateDock чинат дополнителни 280 долари, што се чини премногу со оглед на тоа дека за толку пари може да се купи и повеќе од солиден ноутбук.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии