За LG G5 велат дека е најиновативниот телефон до сега

LG ги претрка конкурентите со првиот модуларен телефон, но дали ќе биде успех ќе зависи од квалитетот и интересот на корисниците сами да си составуваат телефони. Јужнокорејскиот производител изгледа е убеден во успехот со оглед на тоа дека му го даде името кое го чуваат за својот „flagship“, LG G5. Скоро сите ИТ блогови го нарекоа телефонот еден од најиновативните уреди досега.

Официјално се претставени два модули. Првиот е аудио модул, креиран за подобар звук, а изработен е од Bang & Olufsen. Вториот модул го претвара телефонот во камера, со копчиња кои овозможуваат мануелен фокус, зумирање, но и 40 отсто поголема батерија. Дополнително телефонот може да се користи и како контролер за ново-презентираните очила за виртеулна реалност.

Иако хардверот не е најважниот дел на овој телефон, LG G5 доаѓа со 5,4 инчен дисплеј со резолуција 1440х2560 и 554 ppi. Процесорот е Snapdragon 820 и Adreno 530 како графички процесор; 4 GB RAM и 32 GB слободен простор. Дополнително достапни се 3 камери, 2 задни 16 и 8 MP, од кои едната е со широк објектив од 135о и предна камера со резолуција 8MP. Вообичаено „flagship“ телефоните доаѓаат со последната верзија на оперативниот систем што во случајов е Android 6.0. Можеби најголемата пофалба за LG G5 доаѓа од Verge кој го споредуваат телефонот со најдобрите Android телефони, од Nexus 6, па се до новиот Samsung Galaxy S7. Сепак можеби поради модуларноста се LG G5 најверојатно ќе биде најинтересниот телефон претставен на годинешниот MWC.

LG ги претстави и LG 360 VR на Mobile World Congress во Барселона, и со тоа се вклучи во трката за виртуелна реалност. Очилата се полесни од конкуренцијата и доаѓат со поголема резолуција.

1 коментар на “За LG G5 велат дека е најиновативниот телефон до сега

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии