Twitter се надева дека промените ќе привлечат нови корисници

Twitter конечно ќе им овозможи на корисниците да споделат снимено видео во директна порака. Функционалноста е достапна истовремено на iOS и Android и тоа во целиот свет. Корисниците можат да снимаат и споделат видео директно од апликацијата, но не и од веб страницата. Новитетите ќе помогнат Twitter да биде поинтересен, а од компанијата се надеваат дека ќе им помогне да да се справат со падот на активноста и намалување на бројот на нови корисници, вели Verge.

Друштвената мрежа има добри вести и за компаниите, на кои ќе им помогне поедноставно да комуницираат со своите клиенти, кои често комуникацијата ја започнуваат на јавни канали на Twitter. За жал, функционалноста нема да им биде достапна на сите, туку единствено на одбрани брендови. Од Twitter најавуваат дека работат и на интеграција со алатките на своите партнери. „Директните пораки се одличен начин за корисниците да можат да комуницираат со компаниите. Грижата за корисници често започнува преку твитови, а потоа се префрла во приватни канали кога се потребни лични податоци за корисниците. Правиме сѐ да ја олесниме оваа транзиција преку еден клик“, вели Twitter на својот блог.

DMprompthalf

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии