Групните видео повици на мобилниот Skype ќе бидат достапни за сите

Најавата за групни Skype разговори започнува со реализација, и од денес корисниците на Android телефони, iPhonе или iPad кои имаат инсталирано Skype на својот уред ќе можат да разговараат со повеќе пријатели наеднаш. Надградбата најпрво е достапна во Северна Америка и Европа, а според најавата сите корисници на овие пазари би можеле да ја користат функционалноста за околу една недела. Остатокот на светот ќе може да ја користи оваа услуга на крајот на следниот месец.

Разговорите ќе бидат HD и оптимизирани за уредот на корисникот. Корисникот кој зборува во моментот ќе биде истакнат, а со помош на SILK Super Wide Band сите ќе можат да бидат јасно слушнати, ова може да биде неопходно со оглед на тоа дека Skype го зголеми бројот на учесници во видеоразговор од 5 на 25. И покрај огромната конкуренција Skype сè уште е помеѓу омилените платформи на голем број корисници. Дури 750 милиони луѓе го имаат Skype на своите уреди, а компанијата постојано ја надградува апликцијата. Неодамна Пол Макартни помогна да се направат музички емотикони за Skype, а тоа е само еден дел од постојаните надградби на сервисот.

За користење на новата функционалност корисниците ќе мора да ја преземат најновата верзија на Skype.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии