Instant Articles ќе бидат достапни за сите медиуми и блогери на Facebook

Instant Articles е обид на Facebook да биде првото место на кое би сакале да објавите и да читате вести. И можеби ќе му успее во тој план бидејќи Instant Articles е навистина кул технологија која наместо да ве води од Facebook преку линк до сајтот на медиумот, ви прикажува исчистена и минималистичка страна која го вчитува текстот за секунди.

Facebook најави дека тест периодот за сервисот е при крајот, па од 12-ти април сите кои имаат вебсајт можат да го користат за хостирање на содржините. Социјалната мрежа го креираше Instant Articles бидејќи забележаа дека префрлањето од Facebook на сајтовите кои нудат содржини е бавно, па наместо тоа понудија едноставно решение кое го прикажува само тоа што ве интересира – односно текстот што сакате да го прочитате.

Можеби најголем предизвик на Instant Articles е што Facebook се претставува како агрегатор кој не ве префрла на сајтот на медиумот, игнорирајќи ги сите реклами. Затоа се отвори дискусија околу заработката од рекламите кои ќе бидат поделени во сооднос 70 на 30 доколку рекламите ги обезбедува социјалната мрежа, а доколку издавачот сам ги обезбеди тогаш ја задржува заработката во целост. Надминат е и делот кој беше проблематичен за дел од издавачите што го ограничуваше бројот на реклами кои можат да бидат презентирани. „Медиумите и новинарите се клучен дел од Facebook, а ние сме определени да донесеме продукт кој ќе биде најдобро можно решение за издавачите и за читателите. Со Instant Articles издавачите имаат потполна контрола врз содржините, но и податоците и рекламите“, вели Facebook.

3 коментари на “Instant Articles ќе бидат достапни за сите медиуми и блогери на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии