Leap Motion ќе го инсталира својот контролер директно во виртуелната реалност

Leap Motion, eден од најинтересните проекти за проширената реалност кој доби скоро половина милијардa долари од инвеститори предводени од Google, конечно пронајде примена која има многу повеќе смисол. Компанијата зад контролерот започнува нов проeкт Orion кој е замислен како помала верзија на сегашниот уред, кој ќе може да биде вграден директно во очила за виртуелна реалност.

Софтверот кој ќе биде достапен за корисниците на Orion веќе може да се тестира и на постоечките Motion Leap контролери, а компанијата веќе размислувала за предизвиците во виртуелната реалност. „Има многу работи кои никогаш не би ги правелe на десктоп, но ги правите во виртуелната реалност. На лаптоп рацете често постoјано ви се на многу мал простор, но во виртуелната реалност можеби ќе се растегнат да стигнат до некој објект“, вели Дејвид Холц од Leap Motion за Verge.

Leap Motion не очекува најголемите производители како HTC и Oculus да го прифатат контролерот веднаш, но се надеваат дека најголем дел од останатите производители ќе се одлучат да го инсталираат. Oчекувањата на компанијата се првите Orion уреди да бидат достапни таман на време за новогодишните празници на крајот на оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии