Со Gmailify го имате најдоброто од Gmail без Gmail адреса

Gmailify е нов сервис од Google кој овозможува корисниците на Yahoo и Outlook да го користат најдоброто од Gmail. Корисниците на другите сервиси ќе можат да користат опции како спам заштита, организација на inbox и интеграција со Google Now, без притоа да ја менуваат платформата. Опцијата ги спојува профилите со Gmail и овозможува користење на предностите кои ги нуди овој сервис.

Ако користете друг имејл сервис, треба да ја споите адресата со Gmail, а понатаму е автоматизиран процес. Поштата се филтрира и подредува преку Gmailify, а податоците се достапни и на Google Now. „Сѐ што треба е да ја отворите Gmail апликацијата да го внесете вашиот мејл и да го вклучите Gmailify. Контролата останува во рацете на корисниците, кои доколку се премислат можат да го избришат профилот било кога и да продолжат да ја користат Gmail апликацијата и без Gmailify“, вели Google.

Засега функционалноста е достапна единствено за Outlook и Yahoo, но од Google велат дека работат на додавање на Gmailify за повеќе имејл сервиси во иднина.