Gjirafa доби 2 милиони долари за да ги дигитализира Албанија и Косово

Gjirafa е косовски стартап кој ќе се натпреварува со Google со помош на 2-та милиони долари инвестиција кои ги доби од Rockaway Capital. Ова е најголема инвестиција во албански стартап. „Gjirafa се постави во центарот на иновациите што се случуваат во регионот, и нѐ радува што ја искористивме шансата да капитализираме на забрзаната модернизација што се случува сега. Оваа компанија може да направи во Косово и Албанија тоа што Yahoo го направи во САД во 90-тите – да развие интернет економија“, велат инвеститорите.

Предноста на пребарувачот е што подобро го разбира сложениот албански јазик од Google, и што се фокусира на пребарувања кои се важни за балканскиот регион. Gjirafa e основан во 2014-та година од Мергим Кахани кој го разви пребарувачот во акцелератор во Прага. Во моментов во стартапот работи тим од дваесетина луѓе во Приштина и Призрен.

Мергим Кахани, основачот на Gjirafa

Мергим Кахани, основачот на Gjirafa

Една од мисиите на стартапот е да ги дигитализира информациите од регионот кои сè уште ги нема онлајн, пишува TechCrunch. Планот за почеток е да се дигитализира цела Албанија, или барем информациите што им се потребни на корисниците, како распоред на градски автобуси, собирање информации за локални ресторани, временска прогноза за локалните места, или блогови кои дискутираат теми на албански.

Разбирливо фокусот на Gjirafa се Албанија, Косово и Македонија, но целта им е да ги привлечат сите корисници кои зборуваат албански јазик. Покрај пребарувањето, отворени се можностите за развој на е-трговија (Girafa функционира и како огласувач за недвижности и телефони) и за онлајн маркетинг преку пребарувачот. Gjirafa тврди дека има над 10 милиони пребарувања откако беше стартувана и над милион посетители во последните три месеци.

gjirafe

4 коментари на “Gjirafa доби 2 милиони долари за да ги дигитализира Албанија и Косово

  1. http://gjirafa.com/ ima indeksirano 350.000 stranici a postoi recisi 2 godini.

    Primer smo sajtot kajgana.com ima samo sajtot 404.000 stranici.
    Se postavuva prasanjeto kolku sajtovi indeksira enginot gjirafa

    Ova e kako reklama5 ili pazar3 samo so prebaruvanje na pocetna stranica.
    Nekako pomisliv deka e engine no ne sum bil vo pravo

    1. Само добронамерен совет. Ние го пренесовме Gjirafa што тврди, но ако излегуваш со бројки ќе треба да покажеш и извор на тие бројки за кредибилитет на коментарот.

  2. Kakvi prikazni so lazgi. Zirafa ima 200.000 sesii vo posledni 3 meseci a toa e pomalku od pred tri meseci za 300%
    80.000 secii mesecno ili 2,047 daily visitors

    Znaci milion nema vo nikoj slucaj ni priblizno a i od koga zapocnale trafikot im se namaluva

    So 2 milioni sega ke vidime sto ke napravat.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии