Франција го тужи Facebook бидејќи избриша пост со уметничка слика од 19-ти век

Facebook доби нова тужба во Франција поради слика од 19-ти век. Најголемата социјална мрежа е под обвинение за цензура откако отстрани фотографии на кои се гледаше слика од 19 век која е поексплицитна од другите. Уметничкото дело L’Origine du Monde на Гистав Курбе беше во фокусот пред една година кога Facebook го затвори профилот на учителот кој ја објави сликата.

Она што е променето сега е дека францускиот суд одлучи дека може да се тужи компанијата во Франција, наместо пред судот во Калифорнија. Судот одлучи дека праксата на социјалната мрежа за решавање на судските спорови во Калифорнија не е легална бидејќи прави да биде екстремно тешко за Французите да ги решаваат споровите. Ова ќе биде преседан што ќе им дозволи на локалните европски судови да реагираат во заштита на своите граѓани, или компаниите што се занимаваат со е-трговија, но и за сите странски компании да ги променат условите за користење, пренесува Ars Technica. Доколку судот одлучи дека е виновен, Facebook ќе треба да му исплати оштета од 20.000 евра на учителот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии