Google експериментира со Интернет на нештата во Chrome

Новата верзија на Chrome за Android е подготвена за новиот свет и интернет на нештата, вели Google. Прелистувачот ќе ги извести корисниците секој пат кога ќе бидат во близина на „паметни светилници (beacons)“. Технологијата на паметни светилници, или ознаки, на Google е наречена Eddystone.

Функцијата е наречена Google calls for physical web, и кога корисникот ќе ја вклучи ќе започне да добива нотификации за блиските означени места. Примерот на Google е за ознака закачена на автомат за храна кој на минувачите им нуди можност за награда – бесплатни десерти. Функцијата во моментот е во тест фаза. Сепак идејата зад паметните ознаки е да бидат покорисни, Google тестира можност за навигација со помош на ознаките, а истражувачите на универзитетите можат да допринесат со сопствени идеи, но мора да ја користат целата технологија која им е на располагање: Eddystone, NearbyAPI, Brillo, Weave и куп други, јави 9to5Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии