13-годишен тинејџер најде интересно решение да ве спречи да возите пијани

Кришна Реди има само 13 години, но веќе смисли технологија која во иднина може да спаси над стотици илјади животи од сообраќајки. Уредот на младиот Кришна може да забележи кога некој е под влијание на алкохол или под влијание на опојни средства и да не му дозволи да го стартува автомобилот.

Технологијата која е искористена во уредот не е непозната, и полицијата и досега ја користи кога се сомнева дека некој користел наркотици. Прототипот на уредот е составен од светилка, ролна тоалетна хартија и камера. Светилката и ролната тоалетна хартија ја насочуваат светлината кон окото, додека камерата го снима стеснувањето на зеницата. Дел од наркотиците не оневозможуваат стеснување на зеницата кога е осветлена, а исто својство има и алкохолот. Благодарение на софтверот кој го напиша Кришна се мери стеснувањето на зеницата, а тестот е подобар од мануелниот преглед. Доколку уредот се имплементира во возилата, би можел да спречи управување со возилото под влијание на опојни средства.

Кришна Реди ќе може да го презентира својот уред на Discovery Education 3M Young Scientist Challenge следната недела, а дел е од 10-те млади иноватори кои се натпреваруваат за престижната тутила „Најдобар американски млад научник“ и награда од 25.000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии