Firefox официјално е достапен за iPhone, iPad и iPod

Дејан Соколоски

во Мобилни

Мобилниот Firefox конечно им е достапен и на корисниците на iOS. Тест верзијата е достапна од септември, но веќе и официјално сите сопственици на iPhone, iPad или iPod Touch можат да ја преземат. Конкуренцијата на прелистувачи е голема и во App Store, иако во споредба со десктоп конкуренцијата е значително помала. Најголеми конкуренти на Firefox на iOS се Safari, Google Chrome и Opera.

Најголемите придобивки со користењето на Firefox на iOS ќе добијат корисниците кои го користат прелистувачот и на десктоп, па синхронизација, користење на букмаркс од едниот на другиот уреди. Што се однесува до остатокот, нема разлика со останите прелистувачи, oсвен доколку на уредот корисникот нема iOS 9, на кој е овозмено подобро приватно прелистување. Минимална верзија на iOS за инсталирање на Firefox e iOS 8.2.

firefoxios

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии