Google ќе лансира дронови за достава во 2017-та

Google планира во 2017-та година да лансира флота на беспилотни летала кои ќе доставуваат производи. Името на иницијативата на Google (сега Alphabet) е Project Wing, и иако беше претставен уште пред две години, сега првпат беше откриен датумот кога ќе бидат дроновите ставени во функција. Освен името и идејата засега нема детали за пакетите кои ќе може да се пренесуваат со леталата, ниту за методот на навигација.

Google не е сам во желбата за достава на производи со летала. Amazon беше првата компанија која најави дека работи на технологија за достава со беспилотни летала, а оваа година и кинеската продавница Alibaba изврши тестови со дронови во неколку кинески градови. Покрај гигантите има неколку помали компании и стартапи кои работат на сличен превоз.

„Наша цел е да имаме комерцијално исплатлива услуга во 2017,“ вели г. Вос на конференција во Вашингтон, пренесува ВВС.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии