12 најочекувани игри во февруари

Во поглед на игрите, февруари ќе биде исклучително плоден месец и на загрижените гејмери ќе понуди серија од дванаесет квалитетни игри.

Почетокот на месецот можеме да го почнеме со воздушната, борбена симулација на Bandai Namco. Ace Combat 7: Skies Unknown излегува на 1.февруари, а нуди аркадна акција во најчиста форма. Во играта имате време за уживање цела недела затоа што, веќе од 8.февруари, строго ви препорачуваме да се издигнете над пустошот со God Eater 3. Оваа акциона RPG игра ви дозволува да бидете дел од убиствен тим и да користите смртоносни оружја за целосно истребување на чудовиштата. Немојте премногу да се опуштате ни со оваа игра, затоа што за само четири дена по неа доаѓа Trials Rising. Ubisoft никако не се откажува од серијалот кој прави аркадното тркање со велосипеди да изгледа екстра кул. Најдобрата страна од Trials Rising се чини дека е локалниот ко-оп режим каде и двајцата играчи треба правилно да го координираат управувањето со велосипедот. Во случај да сте љубители на ко-оп игри, но не и на тркање со велосипеди, тогаш за дополнителни два дена ја добивате Degrees of Separation. Ова е игра со две магични души кои треба да излезат на крај со комплексни загатки доколку сакаат да бидат заедно.

Третата недела од месецот се одбележува со Far Cry: New Dawn. Ова е првата игра од овој серијал да се директно надоврзува на претходната игра. Веќе седумнаесет години како Хоуп Каунтри е навлезена во постапокалиптичното доба, а на вас се остава да направите база, изобилство од нови оружја и дружење со нови ликови. Far Cry: New Dawn е, исто така, првата игра од овој серија каде главните ликови се всушност припаднички на понежниот пол. Од она што го видовме до трејлерите, сестрите близначки се сè само не нежни. 15.февруари ќе биде исклучително тежок ден. Не нѝ е тешко да претпоставиме дека би се чувствувале подеднакво растроени помеѓу New Dawn и Crackdown 3. Хитот на Reagent Games, Sumo Digital, и Cloudgine беше одложуван повеќе пати отколку што би сакале да броиме, но нешто нѝ кажува дека овојпат играта дефинитивно излегува. Тери Круз е во неа! На истиот ден излегуваат уште две боречки игри, така да доколку New Dawn и Crackdown не ви се по мерак, насочете го вниманието или на Jump Force, или на Dead or Alive 6. Доколку ние се прашуваме, DoA 6 делува како сигурен избор, со над 18 исклучително талентирани борци.

Недела дена по турбулентниот 15 февруари, доаѓа црешата на врвот од тортата. Metro Exodus ќе ги отвори портите и ќе ви дозволи по третпат да навлезете во постапокалиптична и длабоко вознемирувачка околина, како и да се соочите со озрачени и крајно предизвикувачки непријатели. Истиот ден, за вашето внимание ќе се бори чедото на Bioware. Anthem се заканува да го преземе тронот на Destiny 2 и да ви покаже свет каде секој може да биде Iron Man. Ние ја имавме ексклузивната можност да ги провериме и двете досегашни бети и она што можеме да кажеме е дека ова не е продукт на оној Bioware во кој се вљубивме. Anthem е целосно друго чудовиште и сè додека му пристапите без претходно зацртани очекување, извлечени од нивните претходни игри, би можеле да бидете до некаде импресионирани од играта.

Четири дена по ова, на 26.февруари, го добивате вашиот фикс во форма на тркачка симулација, или стратегија. Dirt Rally 2.0 ќе донесе нови стази за тркање, нов, пофлексибилен режим за создавање тим, и целосно нови видови на околина. По два релативно успешни обиди во иднината, Anno 1800 се враќа на историските корени и го враќа играчот во 19 век. Играта ќе проба да ги задоволи стратешките потреби на вашиот ум со кампања, сендбокс режим и AI контролирани (не)пријатели.

12 најочекувани игри за февруари:

Ace Combat 7: Skies Unknown – 1.февруари

God Eater 3 – 8.февруари

Trials Rising – 12.февруари

Degrees of Separation – 14.февруари

Far Cry: New Dawn -15.февруари

Crackdown 3 – 15.февруари

Jump Force – 15.февруари

Dead or Alive 6 – 15.февруари

Metro Exodus – 22.февруари

Anthem – 22.февруари

Dirt Rally 2.0 – 26.февруари

Anno 1800 – 26.февруари

Нешто сигурно пропуштивме, како најновата експанзија за Civilization 6 и ветувањето дека ќе донесе осум нови цивилизации, девет нови лидери, седум нови чуда и бројни ефекти како промена на клима и суши. Кажете нѝ во коментарите, форумот, или на социјалните мрежи – која е играта за која вие највеќе му се радувате на февруари?

1 коментар на “12 најочекувани игри во февруари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии