12-годишно момче напаѓало владини сајтови во име на Anonymous

Дванаесет годишен тинејџер е осомничен за сајбер напад на неколку владини и полициски веб сајтови во 2012 година. Се проценува дека момчето, кое е од Квебек направило штета од 60.000 долари, пренесува Toronto Sun.

Момчето кое поради годините останува анонимно, ја прифаќа одговорноста за рушење на сајтовите на полицијата на Монтерал, страната на Квебек – Институт за јавно здравство, чилеанската влади и уште неколку други сајтови. Дел од нападите се DDoS, но и креирање на лажни сaјтови кои наликувале на оргиналите па корисниците ги внесувале своите податоци.

Засега останува нејасно дали момчето е дел од хактивистите Anonymous или само соработувало со групата. Дел од изворите велат дека нападите на дванесет годишникот не се политички мотивирани, а потоа им ги продал информациите на Anonymous во замена за видео игри. Останатиот дел на медиуми тврди дека момчето сепак ги извело овие напади како дел од хакерската група.

Ова не е првпат тинејџер да биде заслужен за нанесување на голема штета со сајбер напади. Во 2000 година 15-годишникот со псевдоним „Mafiaboy“ е осуден за направена штета од 1,7 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии