11-годишничка продава криптирани лозинки за два долари

Дали би му верувале на дете дека може да ви ги заштити вашите лични податоци? Можеби и треба. Единаесетгодишната Мира Моди од Њујорк успеа да најде креативен начин да креира криптографски безбедни лозинки кои ги продава за 2 долари. Малата претприемачка основа компанија со име dicewarepasswords преку која ги праќа лозинките до корисникот во плико по пошта.

Методот на кој се креира лозинката е едноставен, најпрво се врти коцка онолку пати колку што е потребно за да се добие потребниот дел од фразата. По добивањето на бројката (кодот), се пронаоѓа зборот и се додава на лозинката, а истата постапка се повторува за сите сегменти на лозинката. Зборовите немаат логичка ниту граматичка смисла, што прави лозинката да биде тешка за пробивање, но сепак едноставна за помнење. Најсложен дел од целиот процес е креирањето на книгата со шифри која треба да содржи доволно зборови за лозинката да биде доволно комлексна. Малата Мира оваа книга ја креираше за својата мајка, Џулија Ангвнин, новинар во ProPublica и автор на Dragnet Nation, но и заговорник на потреба од поголема приватност, јави Ars Technica.

Се чини дека интернет освен што овозможува различни можности за компаниите и повозрасните, креира и можност за помладите за развој на претприемништвото. Продавањето на лимонада или стари стрипови на улица се приказни од минато.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии