Apple го претстави своето ново глувче, тастатура и мауспад

Надградбите на глувчето, тракпадот и тастатурата на Apple се многу подобри од претходните верзии на уредите, вели Verge, кој имаше можност да ги тестира. Magic Mouse 2, Magic Trackpad 2 и Magic Keyboard 2 се достапни оваа недела за купување, и тоа што прво ќе го забележите е редизајнот. Но, внатре во уредите има едно клучно подобрување е вградената батерија во сите три уреди, на местото на обичните батерии, со едно полнење корисникот ќе може да ги користи уредите еден месец, а со само две минути полнење може да се користат девет часа.

Тракпадот сега е поголем и доаѓа со поддршка за новата команда force touch, а дизајнот и покрај тоа што е крајно едноставен изгледа одлично. Тастатурата е со поголеми копчиња за сметка на празниот простор помеѓу нив кој сега е намален, но за разлика од глувчето и тракпадот за кои нема замена од други производители, за тастатурата има конкурентни уреди, кои се дури и подобри од Magic Keyboard, вели Ars Technica. Глувчето доаѓа со најмалку промени и да не е новиот конектор од долната страна наместо батеријата нема ниту да може да го разликуваме. Надградбата го подобрува користењето на различни површини, од дрвена подлога, па се до мауспад.

Новите уреди доаѓаат и за забележително повисоки цени: глувчето чини 80 долари, тастатурата 100 долари, а пак тракпадот едостапен за двојно повисока цена од 130 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии