11 обвинети во Јужна Кореја за кражба на технологијата за флексибилни екрани

Јужна Кореја обвини 11 луѓе за индустриска шпионажа и кражба на интелектуална сопственост. Станува збор за кражба на флексибилниот дисплеј на Samsung кој компанијата го користи во следната генерација телефон-таблет хибриди Galaxy F.

Извршен директор во компанија добавувач на Samsung и 8 вработени во компанијата примиле 13,8 милиони долари од кинески конкурент на Samsung. Во замена за ова, на компанијата требале да испратат OLED технологија. Овие екрани на Samsung се едни од најдобрите, ако не и најдобри во цел свет.

Добавувачот на Samsung испратил податоци за 3Д-ламинација и повеќе други технологии. Компанијата секако имала договор за зачувување на тајноста со производителот.

Властите во Јужна Кореја не ги откриваат идентитетите на доставувачот, ниту на кинеската компанија која го платила.

1 коментар на “11 обвинети во Јужна Кореја за кражба на технологијата за флексибилни екрани

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии