11 интересни работи за Windows 11

Windows 10 беше замислен како последниот Windows оперативен систем кој континуирано само ќе се надградува. Тоа можеби произлезе дека е лага, но не и овие 11 интересни факти за најновото чедо на Microsoft.


-1-

Се очекува Windows 11 да излезе пред новата година, со бројни претпоставки кои го таргетираат месецот октомври или ноември. Првите компјутери со Windows 11 се планирани пред новогодишните празници.

Windows 11 release date sounds like it'll be sooner than we first thought -  CNET

-2-

Надградба од Windows 10 на Windows 11 е бесплатна, но само во првата година од излегувањето на Windows 11. Историјата има покажано дека Microsoft се дарежливи кога се работи за вакви понуди и би можеле да ја развлечат промоцијата и до неколку години. Имено, сеуште постои можност бесплатно да се изврши надградба од Windows 7 или 8 на Windows 10.

Why Windows 11 is likely to be a free upgrade from Windows 10 - Fuentitech

-3-

Од визуелна гледна точка, старт менито и иконите со програми ќе бидат сместени во центарот на лентата за алатки, иако ќе имате опција да им ја менувате положбата. Наместо анимираните плочки кои прикажуваат различни информации по кликнување на копчето старт, добивате статични, помали икони. Прозорците кои ги отворате имаа нежно заоблени агли и се суптилно транспарентни.

These are the lost features of Windows 11 that passionate users are  demanding return | PC Gamer

-4-

Во Windows 11 можете да инсталирате и покренувате Android апликации преку Amazon App Store. Ќе имате на располагање 700 000 апликации, што е значително помалку од 3 милиони апликации кои се наоѓаат во Google Play. Нема да има официјална поддршка за апликации од GP.

Android apps and Windows 11: Here's what you should know - CNET

-5-

Хардверот што го имате, а ви функционира во 10-ката, би требало без проблем да функционира и во најновиот систем. За повеќе информации, упатете се тука.

These are Windows 11's official minimum system requirements | Windows  Central

-6-

Snap алатката ви дозволува да изберете како да се менува големината и позицијата на прозорците преку позиционирање на стрелката врз копчето за максимизирање. Слично на Aqua Snap за Windows 10.

Window docking

-7-

Виџетите се враќаат на голема врата и дозволуваат да поминувате низ различни вести, временски прогнози, финансиски извештаи, дигитални рамки за автоматско менување фотографии, и слично. Понудата е сиромашна, но можни е проширување со текот на времето

Windows 11 Widgets: A new way to customize your at-a-glance info - CNET

-8-

Се чини дека конечно Microsoft раскрстува со Skype и го заменува во 11-ката со Teams. Skype беше купен од гигантот од Редмонд во 2011 година, и агресивно форсиран во Windows 8.1 и Windows 10, но поради бројни технички проблеми, се чини дека крајот му е блиску

Microsoft didn't kill Skype, but Windows 11 is shoving it out of sight -  The Verge

-9-

Windows 11 се очекува да биде вистинската дестинација за гејмерите. На располагање имате Auto HDR, посебен game mode режим, и Direct Storage технологија за значително забрзување на вчитувањето на игрите. Постојано се потенцира дека Game Mode режимот е значително подобар од тој во Windows 10 и дека многу повеќе ресурси правилно ќе можат да бидат насочени за извлекување максимум за време на гејминг сесиите.

-10-

Microsoft има понудено ран преглед на Windows 11, но за да го вие лично проверите потребно е да сте дел од Windows Insider Program. Со оглед дека не се работи за финалната верзија, бројни багови и неправилности се повеќе од загарантирани. Исто така, не се препорачува да го инсталирате овој билд врз вашата веќе-постоечка верзија на Windows 10. Обично се препорачува да се инсталира Windows 11 на виртуелен компјутер.

Windows 11 leak reveals new UI, Start menu, and more - The Verge

-11-

Иако нема да се форсира 11-ката, Windows 10 ќе биде поддржуван од Microsoft до 14 октомври 2025 година, но и во овој поглед, постои одредена попустливост и рокот лесно би можел да биде развлечен уште година-две.

Microsoft pressured to offer Windows 10 upgrades at 75 percent off due to  ransomware attacks - NotebookCheck.net News

Тоа беа нашите 11 интересни работи што успеавме да ги ископаме за Windows 11. Која е вашата омилена вест, има ли некоја што ја пропуштивме? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

2 коментари на “11 интересни работи за Windows 11

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии