Оваа 2012 година Слободен софтвер Македонија прославува 10 години постоење. Се чини дека оваа година ќе биде возбудлива за сите што некако се наоѓаат на фронтот на дигиталните слободи. Опасностите кои надвисуваат над нас пред сѐ во форма на законските решенија како SOPA и ACTA уште еднаш ќе ја тестираат истрајноста и посветеноста на ширката заедна луѓе што работи на прашањата поврзани со слободен софтвер во [и од] Македонија.

Но, пред да се вратиме на работите што нужно го бараат нашето внимание денес, може и треба да се потсетиме на некои поважни датуми од изминативе десет години. Еве ги со ред:

28 октомври 2002 година

Се одржа основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија. Собранието се одржа во тогашниот „Пингвин Паб“ карши автобуската станица „Рекорд“ во Скопје. Присутни беа 15 основачи. Беше изгласан првиот статут на организацијата и првото раководство. За претседател беше избран Иван Стојмиров. Во управниот одбор членуваа уште и: Александар Ников, Арангел Ангов, Васко Митанов, Дамјан Георгиевски, Дарко Стојчев и Игор Петрески.

4 септември 2003 година

На апелот за помош во врска со можниот договор со Мајкрософт испратен до меѓународната заедница за слободен софтвер се одзва Џон Хол, претседателот на Linux international. Писмото од Џон Хол стигна во Македонија на овој ден и истото беше испратено до Претседателот на Републиката, до Претседателот на Собранието, до пратеничките групи, и до Владата на Република Македонија.

3 јуни 2004 година

Слободен софтвер Македонја ја поплави со слободен софтвер втората конференција на Мајкрософт – „Визија“.

16 јуни 2005 година

На седница на Владата на Република Македонија беше усвоена Националната стратегија за развој на информатичко општество. Лобирањето на Слободен софтвер Македонија овој пат вроди со плод. Во обемниот документ има место за слободниот софтвер, платформската неутралност и отворените стандарди.

25 јули 2006 година

Слободен софтвер Македонија доби покана да учествува на проектот на UNDP Македонија насловен „Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia“. Организацијата испрати работни препораки до UNDP Македонија.

16 јануари 2007 година

Слободен софтвер Македонија и фондацијата Метаморфозис со заедничко соопштение до јавноста го критикуваа тендерот за комјутерска писменост кој го распиша Владата на Р. Македонија. Неколку дена подоцна Владата ја исправи тендерската документација во која претходно се бараше само обука за Microsoft Office.

 26 мај 2008 година

Слободен софтвер Македонија во јавноста излезе со свој став во врска со кампањското локализирање на софтвер потребен за училиштата во Македонија што го спроведуваа Влада на Р. Македонија и USAID во соработка со приватни компании. Како резултат на нивните краткорочни решенија за локализација беше зададен голем удар на заедницата на преведувачи. По нивната конечна одлука за кампањскиот модел повеќе локализациски проекти престанаа со својата активност.

17 октомври 2009 година

Отворен првиот хаклаб во Скопје: КИКА.

03 јуни 2010 година

Во Скопје предавање одржа Ричард Сталман.

13 јули 2011

Во скопскиот хаклаб КИКА се одржа прва само за жени хакерска вечер.

Подолга листа со настани се одржува на викито за слободен софтвер. Но, и ова е чинам доволно за да го видиме резимето на Слободен софтвер Македонија. Со ова темпо, и оваа година ќе биде забавна и плодна.

1 коментар на “#10години Слободен софтвер Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии